ТРИ НАГРАДИ ЗА ПРЕТСАВАТА НА ГОРАН СТЕФАНОВСКИ ВО ИЗВЕДБА НА АНСАБЛОТ „ВОЈДАН ЧАРНОДРИНСКИ“

Поврзано

„ПРАВО И РЕЛИГИЈА“: Промовиран учебникот од проф. д-р Тања Каракамишева-Јовановска и проф. д-р Александар Спасеновски

Во издание на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и на германската фондација „Конрад Аденауер“, излезе од печат учебникот „Право и...

УПРAВЕН ПPEСЕЧЕ: Алаѓозовски го изгyби cудскиот cпор со авторите на кои им ги пoништи наградите

Вишиот управен cyд донесе пресуда во која ја потврдува Одлуката на Управниот cyд во корист на композиторите чии дела...

(Видео) ПОГЛЕДНЕТЕ: Објавен трaјлер за првиот филм за kopонавирусот

Излезе трајлер од првиот филм за koронавирусот. Филмот е во режија на иранецот Мостафа Кошвари, кој што живее во...

Ансамблот на театарот „Војдан Чернодрински“ е добитник на три награди за претставата „Љубовни пози на историјата“ од Горан Стефановски, во режија на Наташа Поплавска, на синоќа завршениот 15 – ти Меѓународен фестивал на актерот во Никшиќ.

Театарот доби Гран При за најдобра епизодна женска улога за Ангела Наумоска за улогата на Госпоѓица, Гран При за најдобра епизодна машка улога за Зоран Иваноски за улогата на Мајсторот и Гран При за најдобра колективна игра на ансамблот во претставата„Љубовни пози на историјата“.

Наградите се освоени во конкуренција на претстави во кои, како што истакнува жирито ( Благота Ераковиќ – претседател, Ана Вујошевиќ и Никола Василјевиќ – членови), се истакнале различни актерски стилови и актерски решенија, кои на публиката и оставиле извонреден впечаток.

Режисерот Горан Булајиќ на тркалезна маса на фестивалот посочил дека театарот „Војдан Чернодрински“ се претставил со „тотален театар, ансамбл претстава, која оригинално ги изнесла сценските метафори кои не засегаат сите нас.“

„Љубовни пози на историјата“ е претстава со перфектна визуелизација во општа смисла, а тое е често потполно прескокнат и запоставен сегмент во театарот.Мислам дека успеале во сите сегменти“ – посочил режисерот Булајиќ.

Инаку, во рамките на фестивалот во Никшиќ се одржа и омаж за македонскиот драматург Горан Стефановски, при што било потсетено дека е еден од најголемите драмски автори во регионот, чии драмски текстови се играат не само во театрите во регионот, туку и пошироко.

Актуелно

ОФИЦИЈАЛНО: Скопјани, тетовчани, кумановчани и штипјани во 4 дневен карантин?!

Заради зголемениот број на ново дијагностицирани случаи со ковид-19 во земјата, денеска Министерот за здравство Доц. д-р. Венко Филипче...

(Фото) НЕМА ПРАВДА, НЕМА МИР: Кичеец фотографиран како ужива во сонцето на охридското крајбрежје

Социјалните мрежи ги преплавија фотографии од второобвинетиот, веќе осуден за случајот „Рекет“, Зоран Милески Кичеец. Еден од главните ликови во аферата од пред еден...

ЧЕТВОРИЦА ПОЧИНАА: Потврдени 101 нов случај на ковид-19 за едно деноноќие

Четворица пациенти починаа, а 101 нов случај на ковид-19 во Македониија регистира Министерството за здравство за едно деноноќие. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни...

ПАНИКА НА ИЛИНДЕНСКА: Вонреден состанок во Влада, можно е воведување на рестрикивни мерки

Во Влада се одржува вонреден состанок по неофицијалните сознанија дека бројката на новозаразени изнесува повеќе од 100 лица од кои 59 се од Скопје. Најголем...

АКО ЗА НЕШТО СЕ КРИВИ ГРАЃАНИТЕ, КРИВИ СЕ ШТО ВИ ВЕРУВАA!

Нова нормалност, се изнаслуша целата македонска јавност изминатите неколку недели откако се направија низа на погрешни чекори во справувањето со пандемијата на новиот коронавирус....

Повеќе вести