ТРОТОАРИТЕ БЛОКИРАНИ ОД РОПАЦИ: Јорданка Ивановска – Јоци со прашање до Оливер Спасовски!

  • June 14, 2017
  • Коментари

Дека од „реформите“ нема ништо освен празни зборови еднократно искористени за да се исфилува грдата вистина, освен кардинално погрешните чекори во првите 20 дена од новата влада, покажуваат и секојдневните пропусти и незаинтересираност на новата администрација. За некои е важна катастрофата која им се случува на земјоделците, за други пак урбаното живеење

Јорданка Ивановска – Јоци, една од најголемите поддржувачи на „шарената“ револуција, на својот ФБ профил обрна внимание на хаосот кој се случува во сообраќајот по смената на полициските структури од страна на Оливер Спасовски.

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]Ситуација 1.
Возила, со домашни и странски регистарски таблички, испаркирани на тротоарот пред Министерството за правда, на “Рекорд”. (Фото 1,2,3,4). И тоа во должина од 300 метри. Пешаците и велосипедистите завршуваат на улица, меѓу возилата. Бидејќи, на господата од министерство, тротоарот е на мајка им.
Ситуација 2 (фото 5,6). Хаос и блокада на бул.Партизански одреди. Третата лента од булеварот служи се уште како бесплатно паркиралиште на ропаците кои пијат кафе во кафулињата. Си вклучиле 4 трепкачи, мува не ги лази. Сообраќајна полиција, не интервенира.
На првата лента, пак, се одвиваат градежни работи. Проодна е само средната, па автобусите се пробиваат низ “иглени уши”.
Истата ситуација е и од другата страна на “Партизанска”, секоја втора будала паркира каде му е ќеф.
На “Рузвелтова” е уште поголема катастрофа.
Oliver Spasovski , полиција имаме да воведе ред, така ? – прашува Ивановска[/kopa_block_quote]

Претходно «
Следно »