ТРОШЕЛ ЛИ БОГОЕВ НАРОДНИ ПАРИ ВО БОРДЕЛ?: Градоначалникот на Карпош ќе слави Нова Година во Дубаи, посетил ли годинава бордел во Виена?

  • December 27, 2018

Градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев одлучил најудата ноќ во годината да ја помине во Дубаи.

Рака на срце, младиот Богоев ова нема да му биде ниту прва, ниту последна луда ноќ ако се направи сублимат каде се беше, патуваше и лудуваше оваа година.

Во првата година од својот мандат, градоначалникот на општина Карпош за само 9 месеци Богоев беше еден месец во Америка, на школа за млади лидери, беше на одмор на Бали и во Катар, ова лето беше 2-3 пати во Грција, а момачката вечер ја прослави со своите другари во Бугарија, Сончев Брег. Во меѓувреме Богоев стапна на лудиот камен, а потоа со својата сопруга замина на меден месец.

Пред извесно време тој по „напорната работа“ во општината решил повторно да се релаксира со патување во Австрија во Виена во еден добро познат спа центар каде вработените им даваат „посебен третман“ на нивните гости. Станува збор за Голден Тајм Сануа Клуб (Goldentime Saunaclub)

Оваа слика се појавува кога на интернет ќе го побарате овој спа центар, со премиум услуги за своите посетители и гости, а најпрепорачана и популарна услуга е „масажа на препони“.

Ќе оставиме на читателите сами да оценат, за каков спа центар станува збор, а богами и какви работи го релаксираат градоначалникот на Карпош.

Претходно «
Следно »