ТРУЕЊЕ ВО ПИВАРА ВО СКОПЈЕ: Неколку работници се затруле од храна во менза на скопска фабрика за пиво и сокови

  • November 6, 2018

Неколку работници се затруле со храна во мензата на скопска фабрика за производство на пиво и сокови.

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска изврши вонредна инспекциска контрола во мензата, за да ги утврди причините за труењето.

-Од страна на инспекциските служби, земени ќе бидат мостри од храната која се подготвувала и послужувала како оброк за вработените, како и брисеви од работните површини и од вработените во мензата- велат од АХВ.

Причините за труењето ќе бидат утврдени со лабораториско испитување на земените мостри храна и брисевите, а резултатите од анализите ќе бидат познати за неколку дена.

Претходно «
Следно »