ТУРБОФОЛК МЕНАЏЕР И МАНИПУЛАТОР, ПРВ СОВЕТНИК НА ЗАЕВ: Кој е Зоран Башановиќ и зошто е прв советник на Заев?

  • June 5, 2017
  • Коментари

Српскиот портал Курир неодамна објави дека новиот македонски премиер Зоран Заев веднаш по добивањето на мандатот меѓу привите честитки што ги добил била од неговиот „специјалниот советник“ Зоран Башановиќ, лик за кој медиумите во соседството често умеат оценат оти во најмала рака станува збор за контроверзна личност, а исто така не е јасно што ќе го советува Заев.

Зоран Башановиќ, инаку, е познат како естраден менаџер во Србија, каде што токмју естрадните ѕвезди го опишуваат како манипулатор и измамник, а е ангажиран за да го поправа имиџот на Зоран Заев во соседнате земја со чиешто раковоство и јавност влезе во конфликт по низата неумесни изјави.

Недомана белградскиот портал Информер пишуваше дека пред повеќе од една сопственикот на српскиот портал Курир, Александар Родиќ -Аца токму преку Башановиќ стапил во блиски контакти со Заев и го презема дневниот весник „Слободен печат“, „најверојатно со пари од албанските финансиери“ на Заев

Исто така, беше неведено дека не е случајно што Заев токму во Курир го даде интервјуто во кое ја навредуваше српската влада како националистичка. Сега, задачата на Башановиќ е да го „поправи имиџот“ на лидерот на СДСМ во Србија.

Зоран Башановиќ со години работи како естраден менаџер, а кусо време беше член на Главниот одбор на Српската напредна партија (СНС) на Александар Вучиќ. Но од таму е избракан зашто склучувал милионски договори во сомнителни комбинации повикувајќи се на божемното кумство со лидерот на партијата, Вучиќ.

Во 2013 година пријателот на Башановиќ, споменатиот Александар Обрадовиќ, беше сменет од директорската функција во јавното претпријате Електростопанство на Србија (ЕПС).

Од тој период е аферата во којашто е вмешан новиот „специјален советник“ на Заев, Башановиќ, кога 14.000 дечиња остануваат без новогодишните пакетчња. Тендерот за набавката на пакетчињата од повеќе десетици милиони динари, ја добила фирмата на естрадниот менаџер Зоран Башановиќ, иако за тоа се натпреварувале уште четири фирми, со идентична понуда, а една од нив и се жалела. Затоа раководството на ЕПС, односно Обрадовиќ, понудил да се подели тендерот, што во српската јавност предизвика сомневања дека станува збор за наместен тендер, кој поради тоа пропаднал.

Зоран Башановиќ во 2012 година, заедно со сопругата Бојана беа во фокусот на српските медиуми кога беа во Мајами беа уапсени за кражба на долна облека и постелнина во износ од 5.000 долари од трговски центар. Двајцата се пуштени ден подоцна со кауција од 1.000 долари.

Башановиќ и Заев, како што пишуваат белградските медиуми, се запознале во Грција, каде што и двајцата имаат куќи. Башановиќ му ветил дека ќе му обезбеди поддршка од српските медиуми. Истовремено Заев преку Башановиќ се запознал со Саша Обрадовиќ, кому му ветил дека ќе го постави за директор на ЕЛЕМ кога ќе стане премиер, тврдеше неодамна соговорник на Информер.

Поради сево ова, навистина е нејасно што тоа „специјалниот“ советник ќе го советува Заев. Како дечињата да останат без новогодишни пакетчиња, како се организираат концерти, или како се „празнат“ трговски центри – во случајов на Заев, нели, сега станува збор за државната каса. А лидерот на СДСМ е навикнат на „специјалци“, како во случајот на обвинителката Јанева, кои треба да му ги одработуваат валканите работи, вторава во пресметката со политичките опоненти.

Меѓутоа, според се судејќи, очигледно дека станува збор за сојузништво од интереси, и тоа единствено во финансиска смисла.

Претходно «
Следно »