,,ТУРСКИОТ МЕСИ“-ЕМРЕ МОР ГО ЧЕКАШЕ ЛУКА МОДРИЌ ВО СОБЛЕКУВАЛНА: Сакал Селфи со него

  • June 12, 2016

Емре Мор влезе во второто полувреме за Турција на мечот со Хрватска, а по мечот го чекаше во соблекувалната Лука Модриќ за да се фотографира со него.

7A55FE7A2E7D634A8D35F9EB38ECB6D3

Малку невообичаена ситуација кај младиот Емре Мор. Со своите 18 години „турскиот Меси“ настапи во второто полувреме на дуелот со Хрватска кој неговата селекција го загуби со 1:0. Голот вреден три бода беше дело на Лука Модриќ. И наместо да го мразат Турците Модриќ поради тоа што беше „кобен“ за нив, Емре Мор го чекаше во соблекувалната за да си направи „селфи“ со него. И на крајот новиот играч на Борусија Дортмунд успеа во тоа.

Мор инаку „половина“ е Македонец. Неговата мајка е Македонка.

Еве како Мор го чекаше и го дочека Модриќ да се фотографира со него.

185BF2715B19EC4EBECAF1605827388D (1)

Претходно «
Следно »