ТУРСКИОТ МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ: Вoeната операцијата против Курдите не зависи од повлекувањето на САД

  • January 10, 2019

Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, изјави дека воената операција против курдските единици за заштита на народот, што Турција ја најави на северот во Сирија, не зависи од повлекувањето на американските трупи од тој регион, пренесе „Ројтерс“.

Чавушоглу во своето интервју за НТВ порачал оти не е реално да се очекува од САД целосно да го соберат оружјето што им го дале на нивните сојузници.

Ројтерс потсетува дека официјална Анкара курдската единица ја прогласи за терористичка организација.

Претходно «
Следно »