ТУРЦИЈА ВО БОРБА СО ДОЛАРОТ: Турскиот претседател ги повика граѓаните да го конвертираат доларот во националната валута лира

  • May 27, 2018

Турската национална валута брзо ја губи вредноста во односн на американскиот долар оваа година поради претстојните парламентарни и претседателски избори во Турција.

Турскиот претседател Тајип Ердоган ги повика граѓаните во говорот на митингот во градот Ерзурум да ги претворат своите американски долари и евра во националната валута, лира, во обид да го сопрат падот во девизниот курс.

“Моите браќа, кои имаат долари или евра под нивните перници: Одете и конвертирајте ги парите во лира. Ќе ја спречиме оваа игра заедно”, рече тој.

Претходно, Ердоган побара од ММФ да ги номинира своите заеми во злато наместо долари, со цел “да ги спаси државите и нациите од овој валутен притисок”.

Девизниот курс на американски долар во однос на лирата се зголеми од 4,05 (лира за еден долар) на 1 мај до 4,71 на 26 мај, во еден момент, поминувајќи ја границата од 4,91. Турската национална валута изгуби 20% од својата вредност на американскиот долар од почетокот на годината.

Говорот на турскиот претседател доаѓа пред претстојните парламентарни и претседателски избори закажани за 24 јуни.

Претходно «
Следно »