ТУРЦИЈА ИЗВРШИЛА ВОЕН НАПАД: Нападнати позиции на курдските бунтовници во Ирак

  • July 20, 2016

Турција извршила воен напад врз позиции на Курдската работничка парттија (ПКК) во Ирак, во кој се убиени 20 борци, јави турската приватна телевизија НТВ.

 

Турската армија редовно врши воени напади врз позиции на ПКК во планинските региони во северен Ирак и во југоисточна Турција од јули 2015 година, кога курдските бунтовници го прекинаа примирјето, кое траеше повеќе од две години.

Оттогаш во многу градови во југоисточниот дел на земјата се водат борби меѓу силите за безбедност и бунтовниците.

Претходно «
Следно »