ТУРЦИЈА И РУСИЈА ГИ ПОДОБРУВААТ ОДНОСИТЕ: Лавров откри дека Путин и Ердоган активно работат на развојот на руско-турската соработка

  • April 28, 2018

Активниот и мултилатерален развој на руско-турските односи покажува колку големо значење на тоа даваат претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, на состанокот со турскиот колега Мевлут Чавушоглу.

– Ние имаме многу интензивен политички дијалог. Претседателите се во постојан контакт, интензивно се развиваат односите меѓу министерствата за трговија, економија, транспорт. Хуманитарните врски се шират. Интензивната динамика на нашата соработка покажува колку големо значење даваат Путин и Ердоган за развојот на руско-турската соработка, истакна Лавров.

Тој додаде дека состанокот со неговиот турски колега е „добра можност да се направи преглед на тоа како се развиваат контактите во сите овие насоки во рамките на билатералните односи, како и да се разменат мислења за актуелните меѓународни прашања“, вклучувајќи го и решавањето на кризата во Сирија. (МИА)

Претходно «
Следно »