ТУРЦИЈА ЌЕ ЈА УСПОРИ РАТИФИКАЦИЈАТА НА МАКЕДОНСКОТО ЧЛЕНСТВО ВО НАТО: Македонија мора да рacчисти со ФЕТО за да стане членка на НАТО

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска на денешното гостување во емисијата 360 степени која се емитува на Алсат-М, призна дека барањето на Турската Влада за борба против ФЕТО може да влијае на ратификацијата на пристапниот Протокол за членство на Македонија во НАТО.

На прашањето за тоа дали ова свое барање Турската Влада го доведува во релација со прашањето за ратификација на пристапниот протокол за Македонија во НАТО, Шеќеринска одговори дека е убедена дека тоа би влијаело на брзината со која тие би пристапиле кон ратификацијата.

Јас не гледам дека таа релација е директна. Но, убедена сум дека тоа би им влијаело на Турските власти во брзината со која ќе пристапат кон ратификацијата, одговори Шеќеринска. Таа исто така додаде дека Турција стоела на ставот за поддршка на Македонија за членство во НАТО, но и дека понекогаш државите дозволуваат или имаат интерес, домашната агенда да се врзе со некое од надворешно политичките приоритети.

Инаку што се однесува на ставот за наше членство во алијансата, тие тој став го кажувале континуирано. Тие тој став го потврдија со потпишување на протоколот и јас се сеќавам на првата средба на министрите за одбрана на која што можев да учествувам, тоа беше од министерот Акар многу директно изјавено. Но, се разбира дека државите понекогаш дозволуваат или имаат интерес, домашната агенда да се врзе со некое од надворешно политичките приоритети, рече Шеќеринска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This