ТPAГЕДИЈА ВО БУДИМПЕШТА: Потона брод со корејски туристи во реката Дунав во Будимпешта, има и жpтви

  • May 30, 2019

Најмалку седум луѓе 3агинаа и уште 19 се водат како исче3нати откако потона брод во реката Дунав во Будимпешта, објавија државните медиуми.

Триесет и три луѓе, повеќето туристи од Јужна Кореја, имало на бродот, кој се превртел откако бил удрен од друго пловило синоќа околу 22 часот. Бродот со две палуби „Сирена“ бил наменет за туристички обиколки по Дунав и неговиот максимален капацитет бил 45 луѓе.

Министерството за надворешни работи на Јужна Кореја потврди дека 19 нивни државјани се водат како исче3нати и објави дека ќе испрати своја делегација во Будимпешта. Меѓу исчезнатите е најмалку едно дете.

Како резултат на обилни врнежи во изминатите денови, нивото на Дунав значително се покачи, што довело и до создавање на силни струи.

Национална новинска агенција МТИ наведува дека во бродот се превезувале 33 туристи од Јужна Кореја, а на бродот имало и двајца членови на екипажот. Министерството за надворешни работи на Јужна Кореја потврди дека се исчезнати 19 Корејците и дека во Унгарија планираат да испратат свои претставници.

Портпаролот на туристичка агенција која ја организирала турата на Дунав, Ли Санг- мо рече дека меѓу исче3натите има бареме едно дете. Бродот ,,Сирена” бил закотвен во близина на зградата на унгарскиот парламент и наводно во него удpил друг туристички брод, по што се превртел во реката, во која имало силни струи по големото невpеме кошто ја погоди Будимпешта.

Според податоците на унгарскиот портал Index.hu, едно лице е пронајдено на повеќе од три километри од местото на потон ување на бродот. Иако било во лоша состојба, спасителите успеале да му го спасат жи вотот.

Потонатиот брод е пронајден во 2:30 часот кај мостот Маргарет. Во тек е спасувачка акција во која учествуваат десетина бродови. Целиот речен сообраќај во Будимпешта е запрен, а сил ните струи, како и ниските температури на водата, го отежнуваат пребарувањето по преж ивеаните.

Претходно «
Следно »