УАПСЕНИТЕ ВО ,,ЌЕЛИЈА 2“ СО ГОЛЕМО ТЕРОРИСТИЧКО ИСКУСТВО

  • July 10, 2016

Уапсените во продолжението на полициската акција Ќелија се со големо терористичко искуство, откиваат извори од истагата за TВ Нова

kjelija-640x356

Профилот на секој од приведените е различен, меѓу нив и со високо и со средно образование, има и побогати ама и сиромашни. Според оперативните сознанија на МВР, заедничко за 4-та повратници е тоа дека биле дел од муџахединските единици во Сирија и Ирак во текот на 2013 година.

Џихадистите кои од истражните органи биле следени со посебни истражни мерки подолго време биле регрутирани од земјава, од Македонија преку Турција се префрлиле на територијата на Сирија. Обуките ги добиле таму, нивното воено искуство преставува закана за државата, велат од полицијата од каде вчера информираа дека ќе одговараат за учество во терористичка организација, а кривичниот суд им одреди мерка притвор.

При претресите освен компјутери со радикални содржини пронајдена е и блуза со натпис на арапски „Исламската држава вечна“. МВР има сознанија дека двајца од осомничените се уште се наоѓаат на боиштата во Сирија.

Професорите по безбедност за телевизија Нова анализираат дека може да се очекува опасност од повратниците од повеќе аспекти, посебно доколку се цврсто идеолошки определени да спроведуваат задачи и по враќањето, бидејќи дел од нив се вратени во Македонија веројатно и по задача.

Претходно «
Следно »