December 4, 2021, 6:53 pm

Уапсено едно лице во Софија – објавувал коментари на Фејсбук поврзани со несреќата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дваесет и четиригодишен маж е уапсен во Софија поради коментари за трагедијата на автопатот Струма на Фејсбук, се вели во официјалното соопштение од бугарското  МВР.

Младиот човек бил приведен на територијата на Софија од полициските службеници по добиен сигнал. Според податоците, тој досега на Фејсбук објавил коментари поврзани со трагичната несреќа со патничкиот автобус на автопатот Струма, кои не се во согласност со моралните и етичките норми.

Материјалите се пријавени во Окружното обвинителство на Софија за кривично дело од чл. 162 од Кривичниот законик – проповедање на омраза врз основа на националност преку информациски систем.

Latest News

Референдум пpoтив ковид сертификатите во Хрватска

Во Хрватска денеска во организација на десничарската партија Мост почна соборање на потписи за референдум за укинување на ковид...

More Articles Like This