УАПСЕН ВЛАДИКАТА ПЕТАР: Попладнево на скопскиот аеродром уапсен Владиката Петар, одземен му е дипломатскиот пасош!

  • April 11, 2018
  • Коментари

Владиката Петар, попладнево околу 13.30 часот бил приведен на скопскиот аеродром, а му бил одземен и дипломатскиот пасош и одведен во непознат правец, информираше на социјалните мрежи новинарот Миленко Неделковски

Според неофицијални информации, Владиката требало да замине за Мелбурн, Австралија епархија која е под негова јурисдикција.

„Пред кратко време, на Аеродромот Александар Македонски во Скопје, ПРИВЕДЕН е Владиката Петар.
Од страна на граничната полиција одземен му е ДИПЛОМАТСКИОТ пасош, и е однесен од страна на полицијата во непознат правец на информативен разговор.
Тој патувал за Австралија.“ – напиша Неделковски на ФБ.

Од МПЦ ја потврдуваат информацијата, но немаат информација дали е вистина и чекаат официјална потврда од МВР.

„Инфомакс“ дознава дека владиката го привела Финансиската полиција, поради наводна финансиска малверзација!

Претходно «
Следно »