УАПСЕН ЈАНКО БАЧЕВ: Полицијата го привела додека одел во штаб на состанок!

  • October 30, 2018

Јанко Бачев, лидерот на Единствена Македонија, пред малку бил приведен и однесен на информативен разговор во полиција.

-Во моментот претседателот Бачев е приведен од страна на полицијата за време на одење во партискиот штаб на Единствена македонија пред оддржување на редовниот состанок на „Македонија блокира“. Не знаеме во која полициска станица е одведен, пишува на официјалната фејсбук станица на партијата.

Како што неофицијално дознаваме, Бачев е повикан на информативен разговор поради закана објавена на фејсбук.

Претходно «
Следно »