УБАВИ ВЕСТИ: Малечката Мила заkpепнува – третата oпepaција поминaла уcпешно!

  • September 21, 2019

Прекрасни вест за лекувањето на малечката Мила поради која Македонија се крена на нозе – за да се обезбедат потребните средства за лекување…

„Третата операција на нашата ќеркичка Мила, која беше извршена на 18 септември, помина успешно, сподели Зоран Димоски од Охрид, татко на малечката Мила која ја крена Македонија на нозе.

Таа боледува од ретка бо лест – дистрофија на мозокот, а единствена шанса за подобрување на состојбата беа операциите во специјализирана клиника во Кина.

Како што сподели нејзиниот татко денеска, Мила во моментов закрепнува.

Исто како и претходните две операции беше извршена стереотактичка интервенција со директно вбризгување матични клетки на двете страни на мозокот. Моментално се рехабилитира и закрепнува тука во Пекинг до крајот на месецот.

Од името на целата фамилија сакам да ви се заблагодарам од срце што ни помогнавте во најкраток можен период да заминеме во Кина и да и ја продолжиме насмевката на Мила за подобро утре“, напишаа на Фејсбук родителите на малечката Мила за која цела Македонија донираше за поубаво детство..

Претходно «
Следно »