УБИЕН ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БОГОВИЊЕ: Непознат сторител пукал во него, градоначалникот починал во болница во Тетово!

  • May 6, 2017

Градоначалникот на општина Боговиње Хазби Идризи починал откако денеска бил застрелан од огнено оружје. Тој бил донесен во тетовската клиничка болница околу 10 часот и 45 минути но од здобиените повреди починал, потврдија од Министерството за внатрешни работи и од болницата.

idriz-640x360

Според првични информации, екипи на полицијата и јавниот обвинител се организираат за да се изврши увид на самото место.

Засега нема информации за можниот сторител, причините и друго поврзано со овој случај.

Претходно «
Следно »