УБИЕЦОТ НА АЛМИР, ЧЛЕН НА СДСМ: Таткото на убиецот на малиот Алмир член на СДСМ, и близок пријател на градоначалникот на Куманово!

  • August 10, 2018

Четиригодишниот Алмир Алиу од Куманово пред неколку години на нечовечки начин беше убиен од страна на Бобан Илиќ, додека ова е документирано и со видеа.

Новинарот, Аријан Керими, објави фотографија на која пишува: “Дали ви е јасно? Таткото на убиецот, монструмот и терорист Бобан Илиќ”. Така, откривајќи дека таткото на Илиќ е член на СДСМ на Зоран Заев.

Во меѓувреме, новинарот Керими објави уште една нова слика, на која што таткото на монструозниот убиец, Бобан Илиќ, е заедно со градоначалникот на Куманово од редовите на СДСМ, Максим Димитриевски, со командант на полицијата, Стојанче Величковски и со други членови на МВР.

Овие слики предизвикаа бројни реакции во јавноста.

Во врска со овој случај реагираше и новинарот Емад Мехмети, кој меѓу другото пишува: “Дали мислите дека овие слики со лица од СДСМ се случајни, особено кога се знае дека случајот на Алмир се преквалификува од убиство со “умисла” во “ненамерно” убиство?! #ПравдаЗаАлмир. Правдата не треба да прави разлики по однос на презимињата – ако целта ни е #ЖивотЗаСите!

Активистот на граѓанското општество, Арјанит Џафери, иронично пишува дека Заев треба да го ослободи Илиќ од затвор, и да го постави за “специјален советник за безбедност во сообраќајот”.

Претходно «
Следно »