УБИЈА ЧОВЕК, ПУКАА ВО НАСЕЛЕНО МЕСТО И ДОБИЈА ЧЕТИРИ МЕСЕЦИ: На четири месеци затвор осудени кумановците за престрелката пред седиштето на ДУИ

Поврзано

Пoврeдeни четири млади лицa во Ѓорче, cо Југо yдpилe во бетонска огрaдa

На 12.07.2020 во 01.40 часот било пријавено дека во Скопје, на ул.„5“ во нас.Ѓорче Петров, патничко возило „југо“, со...

Coобрaќaјнa нeзгодa во Скопје, пpeгaзeно 5 годишно дете

На 11.07.2020 во 15.00 часот било пријавено дека во Скопје, на ул.„Методија Митевски“, патничко возило „БМВ“, со скопски регистарски...

Регистриран 251 пpeкpшoк за неносење зaштитнa мacкa во текот на изминатото деноноќие

Во текот на изминатото деноноќие (11/12.07.2020 година) на територијата на Република Македонија, по однос на мерката за неносење лична...

Сабит Реџепи, Ридван Дервиши, Халил Камбери и албанскиот државјанин Љуљзим Битра денеска беа осудени на четири месеци затвор како виновни за учество во тепачката на 5 април годинава кога во вооружен судир на две групи кумановци, членови на ДУИ во Мала Речица едно лице загина а повеќе беа потешко или полесно повредени.

Според денешната пресуда на осудените казната им се намалува за времето поминато во притвор додека албанскиот државјанин Љуљзим Битра, кој се уште е во притвор, по издржувањето на казната се протерува од Македонија со забрана за влез во траење од пет години.

За нивниот бранител адвокатот Миралем Асани постапката за неговите клиенти била спроведена согласно законот, објективно и професионално, но сепак тој има забелешки на висината на изречената пресуда.

– Овие четворица сега осудени се и оштетени во настанот и по нивното признавање на вината за учество во тепачка во која се нашле случајно очекував дека ќе добијат условна осуда. Тие се нашле на погрешно место во погрешно време, односно тие дошле да земат двајца нивни пријатели и да одат на вечера по што биле нападнати од другата група што ги чекала подготвена. Во консултација со моите клиенти ќе решиме дали ќе поднесеме жалба на пресудата, рече адвокатот Асани.

Четворицата осудени на вчерашното рочиште за овој вооружен инцидент со смртни последици ја признаа вината за учество во тепачка по што нивната постапка беше третирана како одвоен случај и се одвиваше по скратена постапка.

Во инцидентот на 5 април две групи кумановци, едната таканаречена група на Реџепи, а другата на Мисими, најпрвин започнале расправа околу изборот на претседател и членови во телата на ДУИ за град Куманово во партиското седиште на партијата во тетовска Мала Речица. Потоа тие излегле надвор и расправијата преминала во вооружена престрелка во која се користеле безбол палки, секира, нож, палици но и огнено оружје при што Наим Реџепи беше убиен а повеќе лица беа потешко и полесно повредени.

Актуелно

ДАЛИ НЕРВОЗАТА КАЈ СДСМ Е СЕ ПОГОЛЕМА : Инцидент на собирот на СДСМ во радовишко Дедино каде реагирало обезбедувањето на Зоран Заев!

После пазарот во Тетово, Заев доживеал слична судбина и на собирот во општина Конче. Таму лично се обратил претседателот на...

(Видео) Следете во живо: Мицкоски на средба со жителите на Крива Паланка

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за премиер на Република Македонија, вечерва оствари средба со жителите на Крива Паланка. Следете го во живо...

(Видео) И Ники пролупа, не е лесно кога треба да одговараш за велепpeдавство

Досега невидено издание во јавноста на министерот за надворешни работи Никола Димитров кој на вчерашниот предизборен митинг на СДСМ покажа многу емоции кои досега...

(Видео) Следете во живо: Христијан Мицкоски на средба со жителите на Кратово

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, и кандидат за премиер на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денес оствари средба со жителите на Кратово. Следете го во живо неговото...

(Видео) Избришана последната “бoмбa” со “кoмбинaциитe” на Заев за промена на името

Видео платформата Јутјуб од непознати причини го урнала профилот од кој беше објавена последната бомба за Зоран Заев во која тој зборува како се...

Повеќе вести