УБК ЌЕ ГО РЕФОРМИРААТ ЛУЃЕ ОД ПАРТИЈА И РОДНИНИ: Партиски играчи на СДСМ доминираат во групата за реформа на безбедносниот сектор

Поврзано

Мицкоски: Она што Заев го постигна е капитyлација и пoнижување на македонскиот народ и земја

„Предуслов беше договор, но не ваков. Ова е кaпитулација и понижувaње на македонскиот народ и македонската нација“, нагласи претседателот...

Николоски: Заев и СДСМ само продуцираат афeри и kpиминал, ВМРО-ДПМНЕ се обврзува дека секој ќе одговара за кopупција и kpиминал

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, носител на листата на кандидати за пратеници од ИЕ 4, вечерва гостуваше на телевизија...

Кој го тераше Заев да прифати сведителствата на дечињата да бидат со новото име, тоа никаде него пишува во договорот

Вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски гостуваше во „360 степени“ при што посочи дека ултиматумите ќе потсетуваат на предавството...

По објавувањето на составот на работната група за реформите во Управата за безбедност и контраразузнавање, веднаш има остри реакции од јавноста. Во работната група доминираат луѓе кои се дел од владеачката партија, од нејзините коалициони партнери, но и докажани учесници на Шарената Револуција.

Можеби најголем проблем претставува учеството на Фросина Ременски, чиј што сопруг моментално е помошник директор во Управата за безбедност и контраразунавање. Покрај овој очигледен конфликт на интерес, Ременски ја врши и функцијата потпретседател на СДСМ, што веднаш индицира на која страна ќе се движат реформите и во чија полза.


Други имиња кои и се добро познати на јавноста се Горан Василевски и Стојан Славески. За нивната меѓусебна поврзаност и скандалот кој ги поврзува овие двајца, многу беше зборувано и со докази презентирано од страна на ТВ Алфа, која обелодени скандал дека имало неправилности при издавањето на безбедносниот сертификат на Василевски од страна на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, кадешто директор е токму Стојан Славевски.

На сликата подолу може да се види Одлуката со кој Управниот суд му ја одбива тужбата на Василевски, со која смета дека неправилно му е одземен сертификатот, односно Управниот Суд ја потврдува законитоста на одземањето на безбедносниот сертификат на лицето Горан Василевски. Скандалозно беше и неговото учество во Шарената Револуција, кое гордо го објавувал на својата ФБ страна, а познат е и по издавањето наредби на свои потчинети, да обезбедуваат митинзи на СДСМ.

Другиот од оваа двојка, Стојан Славески, влезе во фокусот на јавност по скандалозната набавка на моторно возило за свои потреби, и за сопствена удобност, кое ќе ги чини граѓаните повеќе од 20 000 евра, и кое мора да биде СУВ (џип). Покрај ова, тој во својата работа се чини дека не ги претставува интересите на граѓаните од кои зема плата, туку првенствено работи за својата партија ЛДП, па секој негов службен настан, е ажурно поставен и на страната на ЛДП. Тој фигурира и како претседател на невладина организација. Славески важи за човек близок до Шеќеринска, а освен овие скандали, со неговото име се поврзуваат и други афери, кои дополнително ќе бидат истражени.

Со овие луѓе, со сомнителен интегритет, како дел од Работната група за реформи, граѓаните треба сериозно да се загрижат какви решенија ќе се донесат и кој се се грижи за нивната безбедност.

Актуелно

(Фото) Нeврeмeтo нарави хaoc во Скопје

Невремето кое пред малку го затекна главниот град на Македонија предизвика хаос во собраќајот. Голем број возила чекаат во...

(Во живо) Христијан Мицкоски на средба со жителите на Шуто Оризари

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за премиер на Република Македонија, попладнево е на средба со жителите од Шуто Оризари. Неговото обраќање може да го следите...

Чулев: Изборни нepегуларности нajcтрого ќе се caнкционираат, без разлика од која партија доаѓаат

Главен акцент треба да се стави на спречување на секаков вид на изборни нерегуларности, кои најстрого ќе бидат санкционирани, без оглед од која политичка...

(Видео) По зakaните по неговиот и животот на Јовановски, Дуковски видно вознемиpeн, известени се и амбасадите

Видно вознемирен и нервозен вака може единствено да се опиште денешниот настап на адвокатот на Бојан Јовановски, Сашо Дуковски при изјавата пред обвинителството откако...

Нови „бомби“ во етерот – што мисли Заев за Бранко Црвенковски и неговите луѓе, и колкав е неговиот капитал

Нови аудио снимки од свиркачи се појавија на социјалната мрежа „ЈуТјуб“ на кои може да се слушнат секвенци од разгвор кој Зоран Заев го...

Повеќе вести