November 28, 2021, 7:31 pm

Убaвo мy кaжa: Шeк дo Леброн – заработуваш 200 милиони за да тренираш два часа и уште се буниш…

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Проблемите кои ги создаде пандемијата на коронавирус за сезоната 2019/20 се префрлија и во претходната, па така финалистите од „балонот“ во Орландо имаа само 71 ден одмор пред почетокот на новата сезона. Прекусниот период во „оф-сезоната“ придонесе кошаркарите лесно да се повредуваат, а најгласен во одбрана на играчите беше Леброн Џејмс кој често знаеше јавно да го изрази незадоволството.

Многумина му замерија на „Кралот“ за критиките, а еден од нив е и Шекил О’Нил кој му порача на кошаркарот на Лејкерс дека нема зошто да се буни.

„Кога живееш во свет кога 40 милиони луѓе се отпуштени од работа и притоа заработуваш 200 милиони долари годишно, нема зошто да се буниш. Луѓето на улица работат напорно, а се што треба да правите е да тренирате по два часа на ден и да играте натпревар од два часа. Затоа јас размилувам поинаку“, изјави O’Нил.

Latest News

Ристо Никовски: Кој и зошто го пушти Заев низ вода?

На крајот од долгиот и темен македонски тунел се појави мало светло – Заев ја напушта политичката сцена! Тој...

More Articles Like This