„УДАРНАТА ТУПАНИЦА“ НА СДС ВО СТРУГА: Кога потпретседателот е министер, полицајците стануваат партиски војници!

  • June 22, 2017

Кога министерот е потпретседател, тогаш партиските стануваат полиција, а државата станува полициска диктатура под плаштот на „демократија“ и „реформи“

 

Ударната екипа на СДС во МВР на РМ при СВР Охрид – така стои објаснувањето на фотографиите на кои партиските војници на СДС се пофалија на ФБ дека добиле работно место како награда за партискиот ангажман.

Секако, наградени од нивниот партиски потпретседател Оливер Спасовски, кој е и министер за внатрешни работи.

Оливер ги наградил, Б.Г. кој работи како полицаец во ПС Струга, Б.К. исто така полицаец во ПС Струга, В.Г. ПС Струга, Б.Д. поранешен полицаец, Г.Д. полицаец во ПС Струга и В.О.исто така полицаец во ПС Струга.

Ваквото однесување на полицајците согласно законот за полиција е казнив, а одговорноста ја утврдува Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди. Но со оглед на тоа што МВР во моментов е под тотална партизација на СДС, од одговорноста ништо.

Претходно «
Следно »