October 23, 2021, 10:03 am

УДРИ ДРЖАВНО Е: Саша Богдановиќ – Српче, вадел зелени картони за семејните автомобили со парите на центарци од сметката на ПОЦ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Уште еден скандал и злоупотреба на парите на центарци од страна на Саша Богдановиќ, откриваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Коста Јовановски и денес покажа фактура со која Богдановиќ приватните задоволства ги плаќал од парите на ПОЦ, односно од џебот на граѓаните.

-Оваа фактура е доставена до ЈП „Паркинзи на општина Центар“ за извршена услуга, односно набавка на зелен картон во вредност од 5536 денари. Немаше да биде ништо чудно ако оваа фактура е за потребите на ПОЦ, но сепак не е така. Сакаме да прашаме на кого припаѓа регистрацијата со број SK 387 TB. Дали возилото со оваа регистарска табличка припаѓа на член на неговото потесно семејство? Ако е ова вистината, по кој основ, членови на неговото семејство користат привилегии на сметка на ПОЦ, прашува Јовановски.

Јовановски три дена го прозива Богдановиќ, но тој молчи за скандалите.

-Време е Српче да понесе одговорност за неговите постапки. Недозволиво и е срамно директор на јавно претпријатие со директорска плата така ниско да падне и на сметка на граѓаните на Центар да овозможи на членови на неговото потесно семејство да патуваат во странство за лични потреби, рече тој.

Вели дека ако Богдановиќ вака расипнички троши и ги злоупотребува народните пари во функција на директор на ПОЦ, граѓаните треба да замислат каков би бил тој како градоначалник на Центар.

1 коментар

Latest News

(Видео) CKAНAЛОЗНO: Нacтaвник малтpeтиpa yчeник во ocнoвно yчилиштe вo Бутел

Вознемирувачко видео од наставник кој малтретира дете се појави на социјалните мрежи. Според објавата, немилиот настан се случува во скопско...

More Articles Like This