УКИМ: Инаугурација на новиот ректор на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски

  • September 14, 2016

Професор доктор Никола Јанкуловски, официјално стапи на фунцијата ректор на Универзитетот Свети Кирил и Методиј. Со потпишување свечена изјава, ден пред почетокот на новата академска 2016/2017 година, најголемиот и најстариот универзитет во државата го доби својот 23 ректор.

27045e75b49a9c6f35b49433ac466c72_xl

На оваа позиција, Јанкуловски беше избран во јуни годинава, наследувајќи ја од досегашниот ректор Велимир Стојковски кој беше ректор во изминативе 8 години.

Јанкуловски, преземајќи ја должноста ректор на УКИМ, вели дека е свесен оти со добивањето мандат има голема одговорност не само за одржување на автономноста на универзитетот и нејзиното унапредување, туку и кон студентите и општеството во целина. Универзитетот Св. Кирил и Методиј има големо влијание врз развојот на целата држава – истана тој во своето прво обраќање до јавноста по преземањето на функцијата.

Јанкуловски потпиша свечена изјава, заедно со четворицата нови проректори: за настава – Вуиса Живковиќ, за меѓународна соработка Гордана Јосифова-Неделковска, за финансии, инвестиции и развој – Билјана Ангелова и за наука – Владимир Петрушевски.

Досегашниот ректор, Велимир Стојковски пред свеченото примопредавање на должноста информираше за најзначајните остварувања на УКИМ во изминатите осум години додека тој го предводеше универзитетот.

Никола Јанкуловски, кој во наредните четири години ќе раководи со Скопскиот универзитет, беше декан на Медицинскиот факултет до изборот за ректор на 27 јуни годинава. Тој е абдоминален хирург и на факултетот го предаваше предметот Хирургија.

Јанкуловски е поранешен директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за дигестивна хирургија. Добитеник е на наградите Свети Климент Охридски од областа на здравството и 11 октомври.

Претходно «
Следно »