Укинaтa зaбpaнaтa зa кaмиoни нa пaтиштaтa Стража-Кичево, Велес-Прилеп и Маврово-Дебар

Поврзано

- Advertisement -

Авто Мото Сојузот на Македонија утринава соопшти дека е укината забраната за тешки товарни возила на патниот правец Стража – Кичево, а од четири часот сообраќајот се одвива нормално и на регионалниот пат Велес-Прилеп по преминот Плетвар.

Од 08:15 часот утринава укината е забраната за движење на тешки товарни возила и на патот Маврово-Дебар во двата правци, соопшти јавното претпријатие „Македонија пат”.

Поради снежни врнежи, на овој патен правец од вчера попладне беше воведена забрана за тешки товарни возила.

На останатите патни правци низ државата, сообраќајот се одвива по влажни коловози, а внимателно возење се препорачува низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони.

Latest News

(Видео) Џамбаски со ново фaшиcтичko видео – Ја освои и Македонија

Бугарскиот европратеник и заменик претседател на партијата ВМРО БНД на социјалните мрежи го сподели официјалниот спот на партијата кој...

More Articles Like This