УКРАИНА ИМАШЕ ПОЛСКИ СНАЈПЕРИ: Во Македонија има Чеси платени да предизвикаат насилство и дестабилизација!

  • May 1, 2016

Платеници од странски држави директно им помагаат на СДСМ и опозицискиот лидер Зоран Заев во вандализирањето на македонските спомен-обележја во насилните протести организирани од опозицијата и организации финансирани од Соросовата фондација.

dalibor.b640

Според информациите до кои дојдовме, макеодонската полиција откри и протера двајца чешки државјани кои биле инволвирани во насилствата за време на протестите во Скопје организирани од опозицијата.tomas-h640-640x360

 

Двајцата Чеси, 25 годишниот Далибор Б. и 24-годишниот Томаш Х. се протерани од Република Македонија и забранет им е влезот во нашата држава.policija-cze-640x1138

Од фотографиите кои им се најдени, како и од нивните профили на социјалните мрежи, може јасно да се види дека станува збор за платеници кои учествувале во бројни насилни демонстрации. Кој ги платил и кој ги ангажирал за да му помагаат на Заев во насилните протести, од полицијата засега не откриваат.ceh-640x1138

pan-pup-640x995

Во насилните протести на опозицијата и вандализирањето на македонските спомен –обележја беа осквернавени голем број на значајни македонски обележја. При атакот на вандалите и платениците на СДСМ и СОРОС, беа оштетени над десет објекти и обележја, како и повредени десетина полицајци.

Народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов, спомен-обележјата на Порта Македонија, објектот на Министерството за култура, бараките на Град Скопје, скулптурата на Прометеј и спомен обележјето на АСНОМ во „Жена парк“ беа само дел од објектите кои настрадаа во налетот на вандалите на СДСМ и соросовите платеници.

Насилните протести на Заев досега ги поддржаа низа субјекти кои во јавноста важат за негатори на македонската држава. Заев досега доби отворена поддршка од неколку здруженија кои отворено се залагаат за редефинирање на Македонија како албанското движење БЕСА, ветераните на УЧК и албанската дијаспорта.

Меѓу оние кои сега се обединуваат околу Заев во атакот врз Македонија и македонските интереси е и расчинетиот владика Јован Вранишковски, кој го негира постоењето на Македонската православна црква, но често и на цела македонска држава.

Вранишковски е човекот кој си го промени своето лично име од Зоран во Јован и притоа изјави дека ако се откажал од името има право да се откаже и од сите други дадености без разлика дали тоа е етички. Така, Вранишковски истакна дека не се чувствува како Македонец туку како Византиец.

Во медиумите низ регионот Вранишковски даваше изјави дека Цар Самоил не бил Македонец, туку Бугар. Верниците и јавноста го нарекуваат расколник кој често работеше против интересите на МПЦ и македонскиот народ. Не ја признава Македонската православна црква и работи против верниците.

Расчинетиот владика Вранишковски беше суден за проневера на 325.000 евра црковни пари. Тој направи бројни малверзации додека бил на чело на Повардарската, Брегалничката и Пелагониската епархија. Пред неколку години лежеше во затвор за поттикнување на национална, верска и расна омраза, раздор и нетрпеливост.

Претходно «
Следно »