УКРАИНА ЌЕ МОРА ДА ИМ ДАДЕ АКРЕДИТАЦИЈА НА РУСИТЕ: ОБСЕ ќе покани набљудувачи од Русија за претседателските избори!

  • February 11, 2019

Канцеларијата за демократски институции и човекови права ОБСЕ наскоро ќе прати покани до 56 држави членки на организацијата, меѓу кои и Русија, за учество во набљудувачка мисија на престојните претседателски избори воУкраина, изјави за Спутник портпаролот на канцеларијата, Томас Рајмер.

Според неговите зборови, набљудувачката мисија ќе започне со работа неколку дена пред изборите со цел да ги спроведе инструкциите и да ги испрати набљудувачите на избирачките места.

„Друго прашање е дали Украина ќе ги акредитира овие набљудувачи, но одбивањето да им издаде акредитација не е во согласност со обврските на ОЕБС“, истакна Ројтерс.

Врховното собрание на Украина минатиот четврток усвои закон со кој им се забранува на претставници од Русија да бидат набљудувачи на претстојните претседателски избори кои ќе бидат одржани на 31ви март.

Претходно «
Следно »