May 16, 2021, 9:32 am

Украинските cили го нападнаа Донбас? Паѓаа гpaнати на Горловка

Поврзано

- Advertisement -

Украинските сили ноќеска со минофрлачи го нападнаа градот Горловка во ДОнбас, соопштија властите на ДОњецката Народна Република.

Како што се наведува, на Горловка паднале вкупно 10 мини со калибар 82 милиметри.

Овој град се наоѓа на самата линија на разграничување на Донбас, на оддалеченост од 40 километри од Доњецк.

Претходно, заменик-шефот на народната милиција Едвард Басурин рече дека не е исклучено Киев да спроведе одредени провокации и тоа за време на одбележување на Велигден.

Како што рече, разузнавачките служби забележале дека украинските сили на контакт линијата донеле муниција.

За потсетување, во Донбас на сила се дополнителни мерки за обезбедување на примирјето кое во потполност забранува размена на оган, разместување на вооружувањето во близина на населени места , офанзивни, извиднички и диверзантски акции.

Latest News

Дневен xopockoп за 16. мај 2021 година

Дневен хороскоп за недела, 16. мај 2021 година. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ви претстои играње игри во кои вие глумите. Пресечете го...

More Articles Like This