УЛИЦИТЕ ВО СКОПЈЕ КАКО МИНСКО ПОЛЕ: Четири лица повредени во сообраќајки во едно деноноќие!

  • January 25, 2018
  • Коментари

Четири лица се полесно повредени во четири од вкупно осум сообраќајки регистрирани во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во четири сообраќајки е причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека санкционирани се 31 возач поради возење со поголема брзина од дозволената, тројца возачи кои поминале на црвено светло и шест возачи за неправилно престигнување. Од сообраќај се исклучени и еден возач кој возел под дејство на алкохол, осум возачи пред да се стекнат со правото на управување на моторно возило и двајца возачи почетници, како и девет нерегистрирани возила. Затекнати се и 108 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 93 возила.

Во рамки на сообраќајно-воспитниот проект „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи“, денеска ќе се реализира едукативна работилница со децата од средна и голема група во детската градинка „Весели цветови“, објект „Мимоза“ во општина Кисела Вода.

Претходно «
Следно »