УНГАРСКИТЕ МЕДИУМИ ПОТВРДИЈА:Груевски доби азил

  • November 20, 2018

Унгарски медиуми јавуваат дека нивните власти веќе донеле одлука за барањето за азил на поранешниот македонски премиер Никола Груевски, но не кажуваат дали одговорот е позитивен или негативен. Сепак, проценката на сите е дека на барањето било позитивно одговорено.

Медиумите јавуваат дека со оглед на брзината со која е одлучено, на барањето за азил на Груевски повеќе од сигурно е дека било е одобрено.

Од Министерството за правда денеска информираа дека барањето за екстрадиција на Груевски е подготвено и може да се очекува денеска да биде испратено до унгарските власти без разлика на тоа каква ќе биде одлуката на унгарските власти за азил.

Претходно «
Следно »