УНГАРСКИТЕ МЕДИУМИ СО ДЕТАЛИ: Азилот е одобрен – ова се деталите од постапката!

Поврзано

Заев е човекот кој што лаже кај ќе стигне, го промени името на оваа држава, воведе двојазичност и тргуваше со историјата

Носителот на листа во изборната единица 4 на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николски на својата фејсбук страница сподели видео каде што...

Состојбата е алaрмантна, нови 199 зaболeни и осуммина пoчинати во последните 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1545 тестирања, а регистрирани се 199 нови случаи...

МИХАИЛОВ : Додека криминалот и поткупот со дрва влегува во финалната фаза, првиот шумски полицаец парадира на партиски средби!

Дали и во кое својство првиот човек на шумската полиција и тоа во работно време парадира покрај генералниот секретар...

Унгарскиот весник „Маѓар Идок“ објави дека унгарсиката Канцеларија за имиграција и азил го одобрила барањето на Никола Груевски за политички азил во Унгарија.
Споерд весникот, канцеларијата спровела детална истрагата во барањето на Груевски, вклучително и неговите наводи дека примил закани по неговиот живот во Македонија. Во барањето за азил било наведено дека Груевски е цел на политички прогон од страна на македонската Влада.

– Канцеларијата заклучила дека, доколку се врати во Македонија, Груевски ќе биде изложен на прогон од страна на власта поради неговите политички активности, пишува весникот.

Груевски првпат се сретнал со унгарските власти во Будимпешта на 12 ноември, кога детално им ги навел причините за неговото напуштање на Македонија, вклучително и голем број сериозни неправилности во
судските процеси што се водат против него, и незаконски донесени одлуки кои воделе кон тоа да се лиши од слобода. Барањето било поднесено во унгарската амбасада во Тирана, од каде тој допатувал во Унгарија со возило, преку Црна Гора и Србија, користејќи ја својата лична карта и документ издаден од унгарските власти со кој му било овозможено да допатува до Будимпешта.

Весникот ги наведува и сериозните забелешки за судството во Република Македонија, нотирани во извештајот на Европската комисија од 2018 година, како и во други релевантни извештаи. Било разгледувано како судските случаи биле доделувани на одредени судии за кои се смета дека биле под политичко влијание, пишува „Маѓар Идок“.

Именувањето на новиот претседател на Кривичниот суд во Скопје, забрзувањето на петте процеси што се водат против Груевски, одбивањето на Грција да ги екстрадира Горан Грујевски и Никола Бошковски кои исто така се обвинети од страна на СЈО, однесувањето на судијката Добрила Кацарска  во случајот со набавката на блиндираниот мерцедес и брзината со која биле носени решенија против Груевски се само дел од примерите кои биле разгледувани.

Груевски посочил и на настанот кога Заев ја најави пресудата против него, а биле разгледувани и тврдења дека на Груевски му било нудено одложување на извршувањето казна затвор доколку гласа за менувањето на Уставот и преименувањето на Република Македонија.

Меѓу посочените аргументи е и фактот дека во десетте години како премиер на Република Македонија, Груевски бил заслужен за серија акции против организирани криминални групи, при што голем број криминалци се уште се наоѓаат во затвор. Во овие околности, било очекувано дека тој
може да биде цел на нивни напади доколку биде испратен во затвор.

Актуелно

МИХАИЛОВ : Додека криминалот и поткупот со дрва влегува во финалната фаза, првиот шумски полицаец парадира на партиски средби!

Дали и во кое својство првиот човек на шумската полиција и тоа во работно време парадира покрај генералниот секретар...

ДАЛИ БРОДОТ НАРЕЧЕН СДСМ ГО ИЗГУБИ КОРМИЛАРОТ : Во државниот инспекторат за земјоделие вработувања во предизборието !

Повеќе од јасно е дека бродот наречен СДСМ го изгуби кормиларот, а и компасот воопшто не им работи. Така на пример, Зоран Шапуриќ од ДИЗ...

Мамата у…- како се менуваше името на еден народ!

Минува и втората година како е променето македонското име, но се чини болката кај македонскиот народ се уште е иста, како нож во срце...

(Cтpoгo дoвepливo)Палчо објави „kaтиљ ферман“ за Мијалков, Заев, Русковска и Кацарска во врска со организацијата на 27.април

Политичкиот аналитичар Љупчо Палевски, рано изутринава околу 01.00 часот по полноќ на својот ФБ профил објави „катиљ ферман“ составен во Управата за безбедност и...

(Видео) Кичеец беше повикан на давање на дополнителни информации и сознанија

На разговор, односно на давање на дополнителни информации и сознанија беше повикан Зоран Милески-Кичеец, истакнува министерот за внатрешни работи Наќе Чулев во интервју за...

Повеќе вести