УНГАРСКИ МЕДИУМИ: Груевски во Србија и Унгарија влегол со Бугарски пасош?

  • November 14, 2018

Унгарскиот весник „Непшава“ изразува сомневања дека унгарската влада учествувала во организација и реализација на бегството на Груевски до Будимпешта. Најсериозната информација која ја објави овој унгарски медиум е дека е можно Никола Груевски да го реалзиирал патот Скопје-Будимпешта со бугарски пасош, јавува Телма.

– Проверете со бугарските власти – бил одговор на член на унгарската влада кој има јурисдикција врз прашања поврзани со азилот на Груевски, кога новинарите на „Непшава“ го прашале како успеал поранешниот македонски премиер да стигне до центарот на Будимпешта без документи кои му се одземени од судот во Македонија.

Претходно «
Следно »