УНИЦЕФ БАРА ОДГОВОРНОСТ ОД ВЛАДАТА: Случајот нема со силуваното девојче нема да помине неказнето!

  • February 20, 2018

За случајот со силуваното тринаесетгодично ромско девојче, штитеник на државната институција за згрижување деца “25 Мај”, се огласи на твитер и Бенџамин Перкс, постојаниот претставник на УНИЦЕФ во земјава.

Според него, овој настан не смее да помине неказнето.
“Целата земја жали поради злоупотребата на дете под заштита на државата. Нема оправдување за насилство врз деца што се под заштита на државата, ниту пак тоа смее да помине неказнето”, напиша тој.

Претходно «
Следно »