УПАД ВО ДБКИ, ДИРЕКТОРОТ НА ПРОШЕТКА НИЗ ЕВРОПА: Меѓу-коалициска пpecмeткa можен мотив за инцидентот во ДБКИ!

  • December 26, 2018

По дополнителните истражувања кои ги направи нашата редакција во однос на безбедносниот инцидент во просториите на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, се појавија некои нови моменти кои фрлаат светло на мотивите кои може да стојат позади овој инцидент.

Имено, дознавме дека во периодот додека се случува овој инцидент, директорот на ДБКИ е на службен пат надвор од државата, најпрво во Брисел со една своја многу блиска колешка, а потоа заминува директно во Подгорица на „службен“ викенд.

Бидејќи тој е отсутен од државата околу пет дена, токму во ноќта пред неговото враќање се случува безбедносниот инцидент во ДБКИ. Дали некој ја планирал оваа операција зад неговиот грб и каква порака сака да му испрати со ова?

Директорот на ДБКИ Стојан Славески доаѓа од редовите на ЛДП, чијшто лидер Горан Милески, во последниов период постојано ги критикува постапките на коалициониот партнер Заев и неговата Влада.

Дали со оваа операција СДСМ јасно му става на знаење на Милевски да намали со критиките, притоа индиректно праќајки му порака преку неговите функционери, дека многу лесно може да ги дискредитира и да ги отстрани од функциите?

Од извори во ЛДП дознавме дека и министерката Шеќеринска, која важи за многу блиска до Славески, исто така имала одредени забелешки за квалитетот на работата на Славески, имајќи ги во предвид неколкуте негови киксови во последниот период, од кои најзабележителни се вработувањето лица во ДБКИ без безбедносен сертификат, за што имаше забелешки и од НАТО партнерите, како и неговото луксузирање со набавката на скап службен џип за негова лична комоција.

Индикативно е што со измените на Законот за класифицирани информации, за првпат во систематизацијата на ДБКИ се воведува место заменик директор, што значи дека или актуелната влада нема доверба во коалициониот партнер ЛДП, и нејзиниот кадар Славески, па потребно е некој да го контролира, или подготвува негова замена и коалициска ротација на тоа функционерско место.

Претходно «
Следно »