УПРАВИТЕЛ НА ФИРМАТА Е КОЧO АНЃУШЕВ: Владата одобри пренос на концесија од мала хидроцентрала на Феро Инвест

Поврзано

ЖИВКОВСКИ: Темелковски најави целосна сaнaцијa на патека во Кисела Вода, а еве на прагот на летото како изгледа истата

Уште една лага на Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски!! Имено, во месец декември 2019 година, Темелковски спектакуларно...

(Видео) ЕКСКЛУЗИВНО: „Инфомакс“ влезе во Ковид-19 центарот на Аџибадем Систина, погледнете како изгледа процесот на тестирање!

Екипата на Инфомакс, ексклузивно го посети центарот за тестирање на Ковид 19 во приватната клиника Аџибадем Систина. За време...

CAHКЦИИ ЗА ОХРИЃАНИ: Изнајмиле станови, а ги пpeкpшилe препораките

Кризниот штаб на Општина Охрид денес одржал состанок, на кој биле донесени повеќе заклучоци. На истиот присуствувал и раководителот...

Феро Инвест го збогати своето портфолио со нова мала хидроелектрична централа која произведува струја од обновливи извори на енергија по повластена тарифа со минатонеделна одлука на Владата за давање на согласност за пренос на уделот од концесијата на Хидро Еко Инженеринг, друштво кое веќе ја има потребната лиценца од 2011, а од 2013 ja има и дозволaта за повластено субвенционирање, пренесува Фокус

Владата му даде согласност на концесионерот, како носител на правото на концесија на вода за изградба на мала хидроелектрична централа за производство на електрична енергија добиена по основ на Договор за концесија за вода за изградба на мали хидроелектрични централи за производство на електрична енергија за пренос на 100 отсто од уделот на Феро Инвест.

Во меѓувреме, сите фирми кои имаат добиено лиценца, државата ги субвенционира со повластена тарифа, односно е должна да им ја откупи струјата за поскапа цена од пазарната. Малите хидроелектрани ја продаваат струјата по цена од 4,5 до 12 евроценти за киловатчас, а цената главно зависи од количината на испорачана енергија.

Управител на Феро Инвест е Кочо Анѓушев, кој повеќе не е вицепремиер за економски прашања по истекот на редовниот мандат од претходната Влада пред стапувањето на предизборната техничка власт. Тој беше на функција во Владата до 3 јануари, односно на 100 дена пред предвремените параментарни избори, а на негово место дојде Мила Царовска, дотогаш министерка за труд и социјална политика. Анѓушев рече дека му е доволно од политиката и повторно се врати како раководител на својата компанија.

Инаку Хидро Еко Инженеринг во 2013 ја доби дозволата за користење на повластена тарифа од обновливи извори на енергија, прво за фотонапонската централа во Соколарци, а потоа и за хидроелектричната централа во Пробиштип, која сега му ја отстапува на Феро Инвест.

Хидроелектроцентралата МХЕ „Зелен град“ има инсталирана моќност од 130 kW на водотекот на Зеленградска река во Пробиштип со планирано годишно производство на електрична енергија од 500.000 kWh со користење на повластените тарифи за одделните блокови, во зависност од испорачаната електрична енергија. Периодот на користење на повластените тарифи е 20 години.

Извор Фокус

Актуелно

ШИЛЕГОВ СЕ EВAКУИPAЛ: “Градскиот очув” на викенд во Маврово бега од кaрaнтинoт во Скопје

Петре Шилегов, градоначалникот на Скопје е во Маврово, додека главниот град е во 80-часовен полициски час, објави „ТВ24“. Шилегов за...

(Видео) ЕКСКЛУЗИВНО: „Инфомакс“ влезе во Ковид-19 центарот на Аџибадем Систина, погледнете како изгледа процесот на тестирање!

Екипата на Инфомакс, ексклузивно го посети центарот за тестирање на Ковид 19 во приватната клиника Аџибадем Систина. За време на посета имав шанса да...

(Видео) „СКОПЈЕ КАКО ВУХАН“: Се поставува монтажна болница во близина на Инфективна, Maкедонија се спрема за новиот пик!

Сцени кои до пред неколку месеци ги следевме само преку светските медиуми стануваат реалност во Македонија. Во близината на Инфективната клиника се поставува монтажна...

КОНЕЧНО ПРИСТИГНАА ОФИЦИЈАЛНИ ИНФОРМАЦИИ ОД МЗ: Бројката слична на вчерашната, 125 нови случаи на коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1085 тестирања, а регистрирани се 125 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-46, Kуманово-19,...

ВЕЛАМ ТИ ЌЕРКО, СЕТИ СЕ СНАО: Коста Костадинов си ја врботил девојката кај Боки 13, па во „Америт“ и на крај во ТАВ Македонија?

И додека на прес-конфернции, портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов ги обвинува своите политички опоненти за непотизам (?!), самиот тој развил сериозна непотистичка шема во...

Повеќе вести