Управниот суд донесе незаконита и противправна одлука, без никакви правни основи

Поврзано

ФИЛИПЧЕ СЕ СКАРА СО АГАТАНГЕЛ: Епископот да го повлече повикот да се посетуваат верските храмови

Министерот за здравство доц.д-р. Венко Филипче, одговорајќи на новинарско прашање за повикот на епископот верниците да ги посетуваат храмовите...

ДОКТОРИТЕ СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Олабавувањето на мерките имаше политички цели, лицитирањето со бројки создава недоверба

Во услови кога бројот на заразени или починати од корона вирус секојдневно се зголемува неблагодарно е да се зборува...

ПОЈАСНУВАЊЕ: Полицискиот час од 21 часот важи и за околните скопски општини: Арачиново, Илинден, Петровец, Студеничани…

Откако настана забуна кај дел од граѓаните, дека со полицискиот час од вечерва од 21 часот па се до...

Управниот суд донесе незаконита и противправна одлука, без никакви правни основи Управниот суд донесе незаконита и противправна одлука која е водена од политички мотиви за изборното место 2011 во Теарце, изборна единица шест. Во одлуката на судот не се наведени никакви правни основи, туку само општа формулација дека имало низа неправилности, без детали за тоа кои се истите, како се случиле и тој е одговорен за нив.

Темно светло на целиот случај дополнително фрла и фактот што за одлуката гласале тројцата судии Лулзим Салиу, Исмета Амет и со помош на Снежана Трповска е донесена истата. Според пишувањата на одредени медиуми за ваквата одлука веќе се знаело претходно во СДСМ за што имало и јавни искази од функционери што укажува дека се работи за монтиран случај.

upraven-sud-640x341

Дополнително во реалноста не беа забележани никакви неправилности во Теарце, а се поништија исказите од избирачкиот одбор, кој пак и на самата расправа во ДИК претседателската и членовите укажаа дека станува збор за кристално чисто гласање, немало полнење на кутија, ниту пак вишок или недостаток на гласачки ливчиња.

ВМРО-ДПМНЕ остро се спротивстави на ваквата одлука на Управниот суд при што од партијата укажуваат дека ова е дел од сценариото за пост изборен инженеринг и фалсификување на волјата на граѓаните.

-Ова е дел од поголемото сценарио чија цел е поништување на волјата на граѓаните и постизборен инженеринг за фалсификување на волјата на граѓаните и за фалсификување на изборите на кој мнозинството од 455 илјади граѓани гласаа за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“. Ќе потсетам, сето ова започна со противправните одлуки кои ги донесе Државната изборна комисија за да подоцна целиот овој инженеринг се префрли на Управниот суд.

Едноставна е математиката, рече Тодоров, СДСМ на ова гласачко место може да ја украде победата на ВМРО-ДПМНЕ, само и исклучиво преку овој таканаречен изборен инжинеринг за што ќе се таргетираат точно определен број на гласачи преку кој СДСМ ќе се обиде да ја фалсификува волја на сите граѓани која беше дадена на легитимни фер и демократски избори кои се одржаа на 11-ти декември.

-После сето ова дури и за најтврдокорните, но објективни поддржувачи на СДСМ им е јасно дека се работи за срамен обид за фалсификување на волјата на граѓаните на Република Македонија, подвлече Тодоров.

На избирачкото место 2011 во Теарце во Избирачкиот список се запишани вкупно 714 гласачи. На 11 декември на гласање излегле 404 од кои 91 гласале за ВМРО-ДПМНЕ, 87 за СДСМ, 65 за Беса, 64 за ДПА, 53 за ДУИ, 25 за Алијансата на Албанците и по еден за ВМРО за Македонија и за Коалицијата за промени и правда – Трет блок.

Во Изборната единица 6 според првичните резултати на ДИК, најмногу гласови 40.599 освои ДУИ, потоа следи ВМРО-ДПМНЕ со 26.135, СДСМ со 25.828, Беса со 25.054, Алијанса за Албанците 17.970, ДПА 16.225, ВМРО за Македонија 919 и Коалицијата за промени и правда – Трет блок 239.

Според добиените гласови, најмногу пратеници, односно 6 освои ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ 4, Беса 3, СДСМ 3, Алијанса за Албанците и ДПА 2.

Актуелно

(Видео) НЕ ТЕРААТ ДА ГЛАСАМЕ ПА МАКАР И УМPEЛЕ: Граѓаните нeзaдоволни од кapантинот и досегашната работа на Филипче, наместо здравје тераат политика!

Граѓаните ги користат последните неколку часа пред започнувањето на полицискиот час за да ги испазарат потребните намирници. На градскиот...

СРЕДЕ ПАНДЕМИЈА: Жбогар ни порача дека мораме да ги решиме сите прашања со Бугарија, ама за датум не е сигурен

Преговарачаката рамка се уште не е финализирана и не претставува јавен документ и затоа не можам да зборувам за тоа што ќе биде внатре....

ФАТЕНИ ЖИВИ-СЕ ЛАЖИРААТ БРОКИТЕ НА НОВОЗАРАЗЕНИ?!: Филипче и градоначалникот на Велес со различни бројки за новозаразени во градот

Денес 4 нови случаи во Велес од корона вирусот. Ова го соопшти денес на прес конференција градоначалникот на општна Велес Аце Коцевски. Тој истакна...

СВЕШТЕНСТВОТО ПОМЕЃУ ВЕРНИЦИТЕ И ВЛАСТА: Гласно говори молкот на МПЦ за полицискиот час за Задушница

Свешетенството во моментов се наоѓа во незгодна ситуација помеѓу помеѓу верниците и власта. Гласно говори молкот на МПЦ за полицискиот час за Задушница. Светиот архијерејски...

ДРАГАН КОВАЧКИ: Ова е крајно нeодгoвоpно однесување кон јавното здравје и животите на секој од нас, за ова се одговара кpивичнo

Ни ја забранија Задушница за да не се ширел КОВИД 19. Сите би се согласиле доколку тие мерки имаат чесна намера. Оти сите сме...

Повеќе вести