УРАНИЈА И НАЈЧЕВСКА ПОВИКАНИ ВО ПОЛИЦИЈА: Го признаваат хулиганизмот, креваат чалам, па кога ќе ги казнат плачат!

  • May 24, 2016

Директорката на Хелсиншкиот комитет за човекови права (ХК) во Македонија, Уранија Пировска и професорката Мирјана Најчевска, која е поранешен член на истата организација, потврдија во вторникот дека добиле покани во среда наутро да се јават во полициска станица на информативен разговор

uranija_najcevska

Пировска во меѓувреме изјави дека ќе се јави во полициската станица во средата наутро, но истакна дека не чувства вина поради тоа што „во знак на револт фрлала со боја кон зградите на институциите“.

Пировска порача и дека ваквите „заплашувања од власта нема да ја сопрат да протестира“. А на својата страница на фејсбук напиша „За Чавков и началниците: фрлав боја и ќе фрлам сé додека не ве исфрлиме од институциите коишто ги окупиравте! Кривична правда барам и затоа сé по список ќе шарам! Нема откажување! До крај!“

Пировска и Најчевска отворено го признаваат хулиганизмот, и кршењето на законите иако се совршено свесни дека со тоа прават прекшрок за што следуваа соодветна казна. Ова како потсетник, дека креваат чалам, а откако ќе бидат казнети ќе плачат и мрсулават по соросоидните „медиуми“.

 

МакФакс

Претходно «
Следно »