УСПОРУВААТ И АКТИВНОСТИТЕ НА БАНКИТЕ: НБРМ констатира намалена активност на банките и предупредува дека фирмите се први на удар!

  • September 29, 2017

Негативниот тренд се одрази и врз просечната плата која за прв пат по повеќе години почна да се намалува, во јули во однос на јуни падна за 0.6%.

Забавената економија поради политичките случувања ја намалија активноста на банките за 1.6 отсто во првиот квартал, покажува извештајот на Народната банка. Компаниите се помалку бараат и се потешко добиваат кредити.

„Депозитите од домаќинства пораснаа за минимални 0.2 отсто. Кредитната активност на банките се намали, при пад на кредитната поддршка на компаниите и раст на домаќинствата“ стои во соопштението од НБРМ.

Гувернерот Димитар Богов уште минатата недела предупреди дека ситуацијата е сериозна, дека се сомнева оти годината воопшто ќе заврши со раст имајќи предвид оти во првата половина од 2017 бруто домашниот производ падна за 0.9 отстo.

Податоците на Државниот завод за статистика покажаа намалување и кај извозот, кој во јули годинава паднал за 12 проценти, а пад бележи и индустриското производство и тоа за 2,2 проценти. Поразителни резултати во  градежниот сектор, каде има пад за 17,3 проценти пред се поради стопирањето на изградбата на автопатите кои ги почна претходната власт, а ги запре новата.

Негативниот тренд се одрази и врз просечната плата која за прв пат по повеќе години почна да се намалува, во јули во однос на јуни падна за 0.6%.

Претходно «
Следно »