УСТАВНИОТ СУД НА СТРАНА НА ИЗВРШИТЕЛИТЕ: Граѓаните оставени на милост и немилост на извршителите – наплатата ќе се извршува како и досега

  • April 4, 2018

Тарифата по која извршителите наплаќаат долгови од граѓаните и фирмите останува иста како и до сега. Уставниот суд ја одби иницијативата за преиспитување на постапката со која е донесен овој правилник. Поднесена е лани од извесен Андреја Насковски, кој барал уставен да провери дали кога министерот за правда го креирал ценовникот побарал мислење Комората за извршители. На судот му биле доставени докази дека законската процедура е запазена па поради ова не гледа ништо спорно во уставноста на тарифникот – информираше Телма телевизија


„Оспорениот правен акт за кој се вели дека бил без прибавено мислење од Комората на извршители е неосновано од причина што мислењето прибавено од Комората на извшрители на Република Македонија е доставено до Уставниот суд како доказ. Со ова се утврди дека во фаза на изготвување на оспорениот акт било прибавено мислење од Комората на извршители како што предвидува законот за извршување“, соопштија од Уставен.
Инаку тарифата за награда и надоместок на другите трошоци за работата на извршителите е објавена во 2016 година, а ја донел министерот во претходната влада, Валдет Џафери. Извршителите за себе наплаќаат награда и надоместок на трошоците според цена за администрирање, цена на извршните дејства и награда за извршените дејства. Висината на цената се пресметува според висината на главното побарување но и според видот, обемот и времетраењето на извршувањето.

Но, последниот случај покажа дека на граѓанин кој должел само еден денар за парно греење, по барање на БЕГ извршител му наплатил повеќе од 200 евра. До уставниот пристигнала уште една иницијатива поврзана со законот за ивршители, а ја поднела заменик извршител од прилеп каролина танеска. Барала преиспитување поврзано со условите за извршителите променети со новиот закон, но и оваа иницијатива е отфрлена.

Претходно «
Следно »