April 20, 2024, 10:28 am

Уставобранителите ги дeмaнтираат лaгитe на Нинџа: Пак лaже, се работи за лице со наpyшена пcихичка состобја, потребна му е помош од пcиxијатар

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во врска со објавата на електронскиот медиум „Мкд.мк“ објавена на ден 14.07.2021 година под наслов „Специјалци го чуваат Нинџа, се жали дека убиство со нож или штрафцигер му нарачале Ќосето, Југ, Ченто…“, како директно споменати во истата должни сме да реагираме на невистините изнесени од страна на лицето Александар Василевски – Нинџа, а преку овој портал, како и останатите портали и медиуми кои ја пренесуваат веста.
Целосно измислени и невистинити се наводните „информации“ кои ги имало лицето Александар Василевски – Нинџа, како што се наведува во објавата, дека во КПД Штип се одржувале состаноци на кои се ветувале награди за негова наводна ликвидација или нанесување повреди. Најостро демантираме дека било кое од наведените лица во оваа објава се заканувало или подготвувало некаков напад врз него! Иако сме сигурни дека на јавноста повеќе од јасни и се причините поради кои повторно истото лице, користејќи се со целосни измислици и лаги се обидува да ни нанесе штета, сепак сметаме дека е неопходно ЈАВНО да се огласиме за ваквите напади и истите да ги демантираме ВО ЦЕЛОСТ!
Се работи за лице со очигледна нарушена психичка здравствена состојба, лице чии лажни изјави се користеа во судски постапки познати на јавноста и иако јавноста, но и правосудните органи, исто така, многу добро го познаваат и знаат за каков човек се работи, сепак, по ваков вид на измислици, очигледно е дека психичката состојба на ова лице треба да биде предмет на невропсихијатриско вештачење.
Никој од споменатите осудени за настаните од 27 Април, како и другите споменати осудени кои издржуваат казна затвор во КПД Штип, ниту се заканил, ниту го повредил Александар Василевски – Нинџа, иако некои од нас со него долго време делеа и затворска ќелија. За ова доказ е и изјавата на Директорот на КПД Штип кој конкретно наведе дека во затворот не се случил инцидент, ниту пак некој го нападнал Нинџа, а неговото барање за преместување и укажувањата дека животот му е во опасност се темелат само на НЕГОВО УСНО КАЖУВАЊЕ. Тука ќе оставиме јавноста да оцени колку е релевантно усното кажување на Александар Василевски – Нинџа.
Крајно време е државата и правосудните органи да преземат мерки и да ја испитаат психичката здравствена состојба на Александар Василевски – Нинџа, со што можеби и би се разјасниле ваквите негови постапки. Бараме порталите кои ја пренеле оваа вест да го објават во целост овој наш демант, а против лицето кое повторно се обидува со секакви лаги да ни нанесе штета ќе бидат поведени соодветни судски постапки.

Јане Ченто КПД ШТИП
Игор Југ КПД ПРИЛЕП
Горан Ангелов – Ќосе КПД ПРИЛЕП
Кире Георгиевски КПД ШТИП
Мартин Димовски КПД ШТИП
Раим Џемаилов КПД ШТИП
Ајрула Мемедов КПД ШТИП

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This