УТРЕ АЛБАНСКИТЕ ПАРТИИ НА ЗАЕДНИЧКИ СОСТАНОК: Ќе разгледуваат како се спроведува платформата од Тирана

  • July 18, 2017
  • Коментари

 Состанокот на лидерите на албанските парламентарни партии, ќе се одржи утре (среда) во 14 часот во просториите на Собранието, вели Весел Мемеди.

НДП на Весел Мемеди испрати покана до албанските парламентарни партии, потписници на заедничката декларација, за да се сретнат утре во парламентот за да го надгледуваат текот на спроведување на платформата, информира „Порталб“.

„Во согласност со декларацијата на албанските политички партии, донесена на 7 јануари оваа година и заемните обврски да се свикуваат редовни состаноци на тркалезната маса на парламентарните политички партии со цел заеднички да го надгледуваат текот на спроведувањето на декларацијата. Имам чест да ве поканам на следниот состанок на лидерите на албанските парламентарни партии, кој ќе се одржи в среда во 14.00 часот во просториите на Собранието“, стои во соопштението од партијата на Мемеди.

Претходно «
Следно »