УТРЕ ДОЖД, А ВО САБОТА ПРИЈАТНО ИЗНЕНАДУВАЊЕ: Временска прогноза за викендот

  • November 7, 2019

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, поинтензивни на истокот. На југоистокот ќе има услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Времето во сабота ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Додека пак времето во недела ќе биде променливо облачно со слаб до умерен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Во сабота максималната температура ќе биде 22 степени, додека во недела 19 степени.

Претходно «
Следно »