УТРЕ Е Свети Атанасиј Велики-Голем боpец за вистинското православие

  • May 14, 2019

Нашиот народ два пати го празнува споменот на Свети Атанасиј Велики.

На 31/18 јануари се празнува празникот Свети Атанасиј или Танасовден -зимен, а на 15/2 мај Свети Атанасиј Велики или Танасовден – летен. Свети Атанасиј наречен Велики е роден во Александрија во 296 година. Едно време минал во пустина заедно со Свети Антониј Велики. По враќањето во Александрија станал архиѓакон во александриската црква.

Од житието на светителот

Учествувал на Првиот Вселенски собор и иако млад се истакнал со познавање на Светото писмо и со говорништвото. Неговите дискусии имале главна заслуга за победата против Ариевската ерес и биле содржани во заклучоците од Собирот, на кој биле осудени Ариевците. Со тоа си го навлекол врз себе гн евот на Ариевците кои често го кле ветеле кај царот. Но со својот углед и христијанскиот начин на живеење Свети Атанасиј секогаш успевал да се одбрани од овие кл евети.

Само една година по Никејскиот собир бил поставен за архиепископ во Александрија и тука на архиепископскиот стол останал 46 години.

По поразот на Никејскиот собор Аариевците се обиделе да се вратат во црквите. Тие издејствувале од царот да се заложи кај архиепископот Атансиј да биде повлечена анатемата, но тој тоа не го дозволувал. Најпрвин ја одбил сугестијата на цар Костадин да биде потолерантен кон Ариевците, а потоа ги одбил и наредбата на царот еретикот Арие да го врати во црквата. Поради тоа бил накkеветен како бунтовник и бил протеpан во Галија. Тогаш царот инсистирал кај цариградскиот архиепископ Александар да го врати Арие во црквата по што овој цела ноќ се молел на Бога да не дозволи црквата да биде испоганета. Утрото кога Арие тргнал да влезе во црквата следен од своите многубројни приврзаници почувствувал болkи и веднаш умpел на патот.

Уште четири пати Свети Атанасиј бил пpотеруван во пpогонство, за време на Констанциј синот на Константин, за време на царот Јулијан Отстапник и за време на царот Валент. Сиве овие владетели им биле наклонети на Ариевците. Така Свети Атанасиј во пpогонство минал цели дваесет години. Умpел на 2 мај (ст. стил) 373 г.

Претходно «
Следно »