Утре е 1 Март: Една работа мора да направите за среќа

Поврзано

СЕЛО НА ПРОДАЖБА: Шведска продава цело селo за неверојатна цена

Едно село во Шведска се продава за 6,5 милиони евра. Сатра Брун е велнес село на периферијата на Стокхолм....

ВЕ ПРОВЕРУВААТ НА ИНТЕРНЕТ: Што работодавците „гуглаат“ за вас пред да ве вработат

Business Insider наведува четири работи што работодавците ги проверуваат за вас на интернет. Едно истражување покажало дека 80% од...

(Видео) НЕВЕРОЈАТНО ОТКРИТИЕ: Група астрономи открија диск галаксија стара 12,5 милијарди години

Група астрономи открија голема диск-галаксија, создадена пред 12,5 милијарди години. Имајќи предвид дека станува збор за најоддалечената галаксија од таков...

Се сеќаваме на мартинките како еден мал украс кој нашите родители, тетки или баби го закачувале или, пак, врзувале на нас и сме го носеле од 1 март, па сè до крајот на месецот, а по некои други верувања таа се става и на 14 март. Мартинката претставува украс направен од коноп во црвена и во бела боја. Тие се симболот на Баба Марта, нам позната како предвесник на пролетта.

Покрај Македонија, оваа традиција, исто така, се почитува и во соседна Бугарија (мартеница) и во Романија (мартисор). Мартинката, односно црвената и белата боја, ја симболизира желбата за добро здравје и воедно ја предвестува пролетта. Во едно верување црвената боја ја симболизира крвта, а белата боја чистотата, во друга, животот и неговото заминување од овој свет, потоа доброто и злото, како и среќата и тагата во животот на еден човек.

Еден од обичаите вели дека мартинката се добива како подарок и дека таа никогаш не се купува за себе, туку се дава на своите најблиски и на пријателите. Може да се носи закачена за гардеробата или, пак, врзана околу раката или вратот. Има повеќе верувања за нејзиното отстранување, едната е дека кога ќе расцвета првото дрво треба да се одврзе и да се закачи на него, кај нас велат дека кога ќе се здогледа првата ластовица се вади и веднаш се става под првиот бел камен, додека во Бугарија ја вадат кога ќе го здолгедаат првиот штрк и ја закачуваат на дрво замислувајќи си желба.

Има навистина многу варијанти на оваа традиција и симболот на мартинката. Она што ја двои Бугарија од нас е тоа што секоја година овој период кај нив на големо се продаваат, купуваат и подаруваат мартинки, а кај нас некако избледува. Да се потрудиме да си ја зачуваме оваа традиција, на која децата се радуваатнајмногу. Симбол на нов живот, концепција, плодност и, пред сè, нова пролет. Бои што ги симболизираат чистотата и животот и хармонијата во животите на најблиските.

Актуелно

ГЛУПАВА ОДЛУКА: Зошто Филипче избега од ова прашање?!

“Реалноста е дека жителите на градовите кои се ставаат под карантин пред почеток на полицискиот час ќе заминат на...

КОРЕКЦИЈА НА СООПШТЕНИЕТО НА ВЛАДАТА: Во уште една општина забрана за движење од четврток до понеделник

Во продолжение на 60-тата седница што се одржа денеска, Владата на Република Северна Македонија, согласно препораките на Комисијата за заразни болести, со цел брза...

ИСКЛУЧОЦИ ОД ЗАБРАНАТА ЗА ДВИЖЕЊЕ: Полицискиот час не важи за овие категории на физички и правни субјекти

Отстапките од забранта за движење има за неколку категории на физички и правни лица. Од овие забрани се изземени лицата кои обавуваат земјоделските активности,...

(Видео) ДЕТАЛИ ОД ОДЛУКАТА НА ВЛАДАТА: Карантин за дел од државата, забрана за одење на гробишта за целата земја

Владата на предлог на Комисијата за заразни донесе одлука за воведување полициски час од утре (4 јуни) во 21 часот до понеделник (8 јуни)...

(Видео) ВЛАДАТА СО „ЧЕСТИТКА“ ЗА ВЕРНИЦИТЕ: Прогласен кaрантин за задушница и забрана за посета на гробиштата

Владата пред малку на вонредна седница го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести за воведување на четиридневен карантин за време на престојниот продолжен...

Повеќе вести