December 5, 2021, 9:57 am

Утре повтopно масовни пpoтести пpoтив koвид пpoпycницaтa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нови мacовни пpoтести против ковид пропусницата и новите ковид мерки кои ги усвои Владата на Република Македонија се најавени за утре.

Протестот ќе се одржи во 19 часот пред Владата на Република Македонија и овој пат нема да има марш туку директно ќе се протестира пред Владата.

Koментар на доктор Никола Пановски на Фејсбук во текот на вчерашниот ден ги зовре социјалните мрежи. Имено Пановски спротивно на тврдењата на Венко Филипче тврди дека природниот имунитет многу подобро штити од коронавирусот, отколку вакцината.

Фактот што Пановски потенцираше дека полоши од антиваксерите се само вакциналните фанатици долеа масло во оганот.

-Целта не бира средства. Не е во ред со вакви настапи да се води вакцинална кампања. Вистината веќе е излезена на виделина, се дава материјал на антиваксерите. Израел сега дава трета доза, ние за две три недели. Зошто? Заради долготрајниот поствакцинален имунитет, а не поминаа ни 6 месеци! Бројките се неумоливи. Израел призна, прележаните за 6,7 пати поретко оболуваат од вакцинираните. Кај нас прашувал колку лица знаете вакцинирани во последниве 4 месеци заболени од ковид? Јас знам преку 20, а прележани за 18 месеци 2. Или биле 10 проценти само од сега активните комплетно вакцинирани, така вика министерот, а тоа се 600 лица. А нема да најдете 600 лица за 18 месечен период од 150 илјади прележани. Др Kуглов епидемиолог од Харвард, коавтор на Барингтон декларацијата: Од антиваксерите полоши се само вакциналните фанатици, напиша Пановски на Фејсбук.

Попладнево портпаролите на Владата, Душко Арсовски и Мухамед Хоџа, информираа за заклучоците и одлуките донесени на вчерашната 99-та седница на Владата.

Портпаролите посочија дека главен фокус е ставен на заштита на здравјето на населението поради тенденцијата на раст на заболените од Ковид-19, кои согласно последните податоци од Министерството изнесуваат речиси 7.000 активни случаи.

На прес-конференцијата Арсовски и Хоџа, информираа дека согласно препораките од Комисијата за заразни болести, Владата ги донела најновите мерки, протоколи и препораки за заштита на здравјето на населението, кои стапуваат во сила од денеска.

Согласно препораките, Владата донесе одлука без разлика на капацитетот, дали е голем или мал, за влез во угостителски објекти, кафулиња и барови, ресторани, обложувалници и казина, како и за влез на концерти, свадби, спортски настани и воопшто за сите организирани настани на отворено, но и за влез во трговски центри кои се затворени, задолжително треба да се покаже:

Сертификат за вакцинација, односно примена најмалку прва доза вакцина против заразната болест Ковид-19 или

Потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето за лица над 18-годишна возраст.

Во сите угостителски објекти опфатени со оваа мерка каде капацитетот е поголем од 30 гости, задолжителнo e воспоставување редарска служба за контрола и спроведување на мерката. А, за оние со помал капацитет од 30 гости контролата е должност на редовно вработените лица во угостителскиот објект.

Останува забраната за организација на свадби, веселби и прослави во објекти од затворен тип, додека друг тип на настани на затворено и натаму може да се организираат со исполнетост до 30% од капацитетот.

Од 1 септември 2021 година домашни и странски државјани ќе можат да влезат на територијата на Република Македонија доколку претходно на граничниот премин приложат:

Сертификат за извршена целосна имунизација (со две дози на вакцина против заразната болест КОВИД-19);

Сертификат/потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето; или

Медицинска потврда со негативен резултат од ПЦР тест, направен 72 часа пред влез на територијата на Република Македонија.

За нашите граѓани кои ќе се враќаат во земјата по 1 септември, а немаат ПЦР тест или потврди за примена вакцина или за прележан Ковид-19, ќе се одреди мерка карантин од седум дена домашна изолација.

Владата исто така донесе одлука учебната 2021/2022 година да почне со физичко присуство, со полн капацитет, според утврдените и донесени протоколи.

Портпаролите информираа дека исклучоци од оваа одлука може да се однесуваат на деца со ретки болести или попречености, деца кои доаѓаат од семејства со хронично болни, по барање на родителите, како и други немедицински причини со дозвола на училиштето.

Latest News

Заев и Гаши ќе ја потпишат програмата за влегување на Алтернатива во Владата

Премиерот Зоран Заев и лидерот на Алтернатива Африм Гаши денеска во Клубот на пратениците во 13 часот ќе ја...

More Articles Like This