May 14, 2021, 1:08 am

Утре ќе се вakцинираат првите 260 здравствени работници

Поврзано

- Advertisement -

Имунизацијата ќе започне во пунктовите сместени во модуларната болница до Клиниката за инфективни и фебрилни состојби.

Вакцинацијата против ковид-19 официјално започнува утре кога првите 260 здравствени работници од земјава ќе ја примат првата доза на вакцината „Фајзер“.

Имунизацијата ќе започне во пунктовите сместени во модуларната болница до Клиниката за инфективни и фебрилни состојби. Пунктовите ќе работат во две смени од 8 до 20 часот, а според утврдениот план, термините за вакцинирање ќе бидат на секои 10 минути.

Како што информира Министерството за здравство, на првиот ден е предвидено вакцинирање на 260 здравствени работници.

Во земјава засега има 4 680 дози од вакцините на „Фајзер“, кои земјава ги доби од Србија, од каде вкупно треба да пристигнат 8 000.

Покрај вработените на Инфективната клиника, меѓу првите ќе се вакцинираат и здравствените работници од ковид-центрите во земјава. Вакцините ќе ги аплицираат медицински тимови од Здравствен дом Скопје.

За секој здравствен работник што ќе прими вакцина, веднаш ќе биде резервирана втора доза за ревакцинација.

Latest News

Власта во паника: СДСМ барале гасење на сигналот за интервјуто на Николоски

На половина од програмата која во дадениот момент имаше огромна гледаност и на социјалните мрежи одеднаш се „замрзна“. Вечерва емисијата...

More Articles Like This