УТРЕ ЌЕ СЕ ЗНАЕ РЕДОСЛЕДОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ КАНДИДАТИ: Дерковски ја најави ждрепката за редоследот на кандидатите за утре

Поврзано

Петнаесеттина странски медиуми акpeдитиpaни за известување од изборите

Предвремените парламентарни избори во Македонија ќе ги следат новинарски екипи од петнаесеттина странски медиумски куќи. За изборите од терен ќе...

Петнаесеттина странски медиуми акредитирани за известување од изборите

Предвремените парламентарни избори во Македонија ќе ги следат новинарски екипи од петнаесеттина странски медиумски куќи. За изборите од...

Денеска гласаат 3apa3eните со Koвид-19 и лицата кои се во caмоизолација

Општинските изборни комисии прифатиле 716 барања од лица позитивни на коронавирусот или во самоизолација за гласањето што треба да...
- Advertisement -

ДИК ја почна седницата на која треба да утврди  дали кандидатурите за претстојните претседателски избори се регуларни и согласно законот откако веќе се поднесени оние на кандидатите на СДСМ и коалицијата, на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и на албанската опозиција, Стево Пендаровски, Гордана Силјановска Давкова и Блерим Река.

Комисијата по проверката ќе донесе решение за потврдување на кандидатурите со што Пендаровски, Силјановска и Река и официјално ќе станат кандидати за претстојните претседателски избори. Претседателот на ДИК, Оливер Деркоски денеска непосредно пред почетокот на седницата изјави дека тој не очекува дека ќе има каков било проблем во кандидатурите.

Најави дека ДИК ќе излезе со соопштение оти најверојатно се потврдени кандидатурите за тројцата учесници во претседателската трка.

Од утре течат останатите рокови, меѓу кои и рокот за одредување на редоследот на кандидатите. Дерковски истакна дека неверојатно уште утре со жрепка ќе се утврди тој редослед, а од 1 април и официјално почнува кампањата за претседателските избори.

-Ние како ДИК од денот на распишување на изборите, 8 февруари па се досега направивме се со цел организациски изборите да протечат во најдобар можен ред и ќе продолжиме со организација до денот на изборите, рече Деркоски.

Уште еднаш апелираше до сите учесници во кампањата изборите да поминат во фер и коректна атмосфера, да претставуваат вистински политички натпревар на идеи, со цел да се добијат кристално чисти избори кои ќе значат еден плус повеќе за развој на демократскиот капацитет на државата.

Сите три кандидатури се поднесени со поддршка од група избирачи. За официјализирање на претседателската кандидатура потребно е кандидатите да достават минимум 10.000 граѓански или 30 пратенички потписи.

Сите тројца кандидати, како што рече Деркоски го имале потребниот минимум на потписи што требало да бидат собрани и додаде оти смета дека нема да има никаков проблем за утврдување на кандидатурта.

Со оглед на тоа дека откако ќе се утврдат нивните кандидатури тие и официјално стануваат учесници во трката за претседателските избори,  Дерковски нагласи оти тие до 1 април ќе треба да се воздржат од јавни настапи, изјави, бидејќи сето тоа ќе значи кампања.

Latest News

Пoжаpникapи ги вaдeлe пoврeдeнитe лицa – Три возила учествуваа во нecрeќaтa на патот Штип-Радовиш

Тешка сообраќајна несреќа вечерва во 21:30 часот се случи на патот Штип-Радовиш, во која учествувале три возила. Портпаролот на...

Денеска е Павлов ден – Eве што се верува дека ќе ви се случи ако ве пoлaзи пaјaк

По Претовден, денеска е големиот православен празник Павлов ден кои се празнува на 13 јули. На Петровден именден слават тие што го носат името Павле,...

Петнаесеттина странски медиуми акpeдитиpaни за известување од изборите

Предвремените парламентарни избори во Македонија ќе ги следат новинарски екипи од петнаесеттина странски медиумски куќи. За изборите од терен ќе известуваат 55 странски новинари кои...

Регистрирани 237 пpeкpшoци за неносење зaштитни мacки во текот на изминатото деноноќие

Во текот на изминатото деноноќие (12/13.07.2020 година) на територијата на Република Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се...

Бидете она што сте и сѐ ќе биде добро

Овен Контролирајте ја импулсивната страна на својата природа. Нема потреба упорно да ја наметнувате својата волја. Разнежнете го партнерот така што ќе делувате мило и...

More Articles Like This