Утрово рекордно ниски температури – каде натрупа најмногу снег?

Поврзано

Сончево и потпопло со умерен ветер

Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а повремено и...

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Потопло време, но и поpoјни дождови, гpмeжи и зacилен ветер

Следува период на потопло време, но ќе има повремена појава на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен...

НЕ ИЗЛЕГУВАЈТЕ БЕЗ ЧАДОР: И утре не очекува врнежливо време силен северен ветер

Времето утре ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, особено во западните делови. Можна е и ретка...

Најниска температура од -22 степена е измерена во Битола, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

cold-snow-forest-treesiul87o78o78

Во Тетово и Маврово се измерени -20, -19 во Лазарополе, -18 во Скопје (мерна станица Петровец), -17 во Пожаране и Прилеп, -16 во Берово и Ѓуриште, -15 во Дебар, Скопје (мерна станица Зајчев Рид) и во Крушево, -14 во Штип, Крива Паланка, Тополчани и Куманово, -13 во  Виница, -12 во Демир Капија, Струмица и Претор, -11 во Охрид и -7 степени во Дојран и Гевгелија.

Највисока снежна покрива утрово имало во Маврово (68  сантиметри), 44 во Лазарополе, 43 во Пожаране, 35 во Тополчани, 30 во Берово, 28 во Тетово, 26 во Ѓуриште,  24 во Крушево, 18 во Крива Паланка, 17 во Струмица, 16 во Битола, 14 сантиметри во Демир Капија и  Штип, 12 во Виница, 11 во Охрид, 10 во Претор и Скопје (Петровец), 9 во Прилеп, 8 во Скопје (Зајчев Рид) и 2 сантиметра во Гевгелија,

Во изминатите 24 часа најмногу наврнат воден талог имало во Берово, 10 литри на метар квадратен, 9 во Струмица, 6 во Виница, 2 литра во Тетово и Пожаране и еден во Ѓуриште, Крушево, Претор, Крива Паланка, Скопје, Штип, Маврово и Битола.

Како што соопшти УХМР,  времето утрово е умерено до значително облачно, во Крива Паланка и Битола има слаби врнежи од снег. Дува слаб северен ветер.

Во јужните делови денеска времето ќе биде претежно облачно со локален слаб снег. Во северните делови ќе има намалена облачност и ќе преовладува умерено облачно време. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе се движи од -9 до -3 степени.

Во Скопје ќе биде умерено облачно со слаб североисточен ветер. Максималната температура ќе достигне до -6 степени.

УХМР информира дека и утре изутрина утринските температури на повеќе места ќе бидат под -15 степени, а дневните ќе бидат во благ пораст. Позначителен пораст на температурата ќе има од петок. Нов влажен бран ќе има од петок кон крајот на денот кога на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег, а на пониските места врнежи од дожд и снег. Пообилни врнежи ќе има во сабота кога во западните делови ќе се формира нова снежна покривка.

Актуелно

ВЛАСТА ЈА ТEPОPИЗИPA РАШЕЛА МИЗРАХИ: Луѓе во качулки ја cлeдaт екс министерката за труд и социјала

Долго време молчев на темава од причина што не сакав да посветам внимание на оние кои мислат дека со сила можат да ме заплашат...

ЗИБЕРИ СЕ ДИСТАНЦИРАШЕ ОД ЗАЕВ: Комисијата не излезе со став дека треба или не треба да има избори

Синоќа на „Топ Тема“ Арбен Зибери, директорот на Центарот за јавно здравје Скопје изјави дека Комисијата за заразни болести ниту еднаш нема посочено дека...

Поради полицискиот час петок е неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика информира дека 5 јуни(петок) е неработен ден за сите граѓани во Република Македонија. Владата на Република Македонија на седницата...

ИСКОРИСТЕТЕ ГО ДЕНОТ: Вечерва почнува тридневниот полициски час

По зголемениот број новодијагностицирани случаи со Ковид-19 во земјава и за ефикасно спречување на ширењето на коронавирусот, Владата донесе одлука да се воведе целосна...

Повеќе вести