December 5, 2021, 8:59 am

УХМР co нajaвa зa зaлaдyвaњe и зacилeн вeтep

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Утре преку денот ќе се задржи сончево и натпросечно топло време за овој период од годината.

Во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност.

Попладне поради продор на постудена воздушна маса облачноста ќе се зголеми и ќе започне да дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец, кој ќе продолжи да дува и во наредните два дена.

Од недела ќе има позначителен пад на температурите, така што дневните ќе опаднат за 7-10 степени во однос на утрешната, а утринските од почетокот на следната седмица на повеќе места ќе се спуштат под нулата, стои во временската најава на Управата за хидрометеоролошки работи.

Latest News

Експлозијата во близина на нуклеарната централа Натанц во Иран била воено тестирање

Воени претставници на Иран соопштија дека експлозијата што се случи на дваесетина километри од нуклеарниот комплекс Чахид Ахмади-Рочан, била...

More Articles Like This